Најнеизвесниот од шесте натпревар во НБА лигата се одигра во Индијанаполис. Во него тимот на ЛА Лејкерс славеше победа над Индијана со 120-119.

По трите врзани порази, Лејкерси конечно се израдуваа. Иако Лука Дончиќ беше најдобриот играч на натпреварот, сепак Леброн Џејмс ги однесе ловориките.

По промашувањето на Дончиќ, Џејмс од „одбојка“ погоди со звукот на сирената за радост и триумф на „Езерџиите“. Леброн натпреварот го заврши сои двоен ефект постигнувајќи 13 поени и исто толку скокови, на кои додаде седум асистенции.

Дончиќ беше прв стрелец на натпреварот со 34 поени, а имаше и по седум скока и асистенции. Словенецот, поддршка имаше од Ривс кој додаде 24 поени.

На четири од останатите пет натпревари победи славеа гостинските екипи.

Шампионот Бостон без Џејсон Тејтјум го декласираа Феникс со 132-102. ЛА Клиперс беа подобри од Њујорк со 1266-113. Во Филаделфија, тимот на Вашингтон славеше со 119-114, а Торонто кај Бруклин со 116-86.

Единствената победа за домаќините ја оствари Денвер во дуелот со Милвоки, благодарение на Никола Јокиќ.