Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер од следната сезона ќе има нов член.

Станува збор полскиот десен бек Анџеј Видомски. Овој 22-годишен полски интернационалец потпиша двегодишен договор битолчани.

Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе во полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина.

Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26, а на клубот и ќе му се стави на располагање на стартот на подготовките во јули.