Масовното вклучување на лицата со инвалидност во спортот и во рекреативните активности, беше главна тема на состанокот одржан во Министерството за спорт.

Министерот Борко Ристовски имаше средба со претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс. На средбата присуствуваа и претседателот на Македонскиот параолимписки комитет, Бранимир Јовановски и  претставниците од Хрватска и Црна Гора.

„Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат спортистите со инвалидност и за потребата од институционална поддршка.

Како Министерство за спорт, остануваме посветени на поддршка на параолимпискиот спорт и создавање еднакви можности за секој што сака да биде дел од спортската заедница.

Спортот треба да биде достапен за сите“, истакна министерот Ристовски.