По кратка пауза, се вративме на нашата типстерска акција и составиме нов предлог-тикет за денес заедно со Златна Копачка, каде може да се најдат најдобрите и највисоките коефициенти на сите спортски игри.

Денешниот тикет е посебен за нас бидејќи покрај тоа што се надеваме на победа на Македонија во дуелот против Велс, веруваме дека ќе бидеме добитни, а износот од добивката да го донираме на настраданите семејства од трагедијата која го погоди Кочани минатиот викенд, на 16 март.

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛС 1Х И 0-3 ГОЛА

Ова ќе биде само втор натпревар во кој Македонија ја пречекува селекцијата на Велс, а ако се потсетиме на средбата пред 12 години, имаме само убави спомени благодарение на головите на Тричковски и Трајковски кои беа доволни за триумф од 2-1. Велшаните можеби физички се поквалитетни, но во Скопје секоја репрезентација се мачи да освои бодови, а нашите фудбалери ќе играат не само да победа, туку и за Кочани, пред исполнетата арена „Тодор Проески“.

ИЗРАЕЛ – НОРВЕШКА 2

Норвежаните се во серија од три победи во кои постигнаа дури 14 погодоци, а фактот што расположени се голгетерите Халанд и Сорлот за нас беше логичен избор да типуваме „двојка“.

АРГЕНТИНА – БРАЗИЛ ГОЛ-ГОЛ

Најголемото репрезентативно дерби ќе се одигра ноќеска на култниот „Монументал“ во Буенос Аирес. Штета е што светскиот шампион на теренот ќе се појави без капитенот Лео Меси, додека освежениот состав на Кариоките ни сугерира дека ќе биде возбудлив меч во кој и двете мрежи ќе се затресат барем еднаш.

А. ДЕ МИНОР – М. БЕРЕТИНИ ПОМАЛКУ ОД 23.5 ГЕМА

Де Минор и Беретини имаат по две победи во меѓусебните дуели, а секогаш победникот славел без загубен сет. Затоа, наместо да типуваме кој ќе се пласира во следната рунда од Мастерсот во Мајами, очекуваме дуел во кој нема да се одиграат многу гемови.

Л. МУСЕТИ – Н. ЃОКОВИЌ 2

Мастерсот во Мајами е еден од поомилените турнири на Ѓоковиќ, па сигурно планот му е да стигне до позиција да се бори за трофејот. Само во ланската сезона Новак во четири наврати беше подобар од италијанскиот тенисер со кој и вечерва ќе се пресмета, а ние очекуваме да продолжи во победнички ритам.

РЕАЛ МАДРИД – МИЛАНО ПОМАЛКУ ОД 167.5 ПОЕНИ

Милано на Нено Димитријевиќ оди на тешко гостување во Мадрид, a ова ќе биде директна пресметка за 10-тото место на табелата во Евролигата, кое води во доигрувањата. Очекуваме дефанзивна и тактичка игра, па затоа типуваме да нема повеќе од 167 поени на средбата.

Нашиот влог за тикетот е 200 денари, сите дуели се за вечерва и доколку сакате да го уплатите, имате време до 20:29 часот да ја употребите шифрата за брза уплата.

ШИФРА: W03251239733