Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, со одличниот настап во претходното издание на Лигата на Нациите избори место во Б сегментот на ова натпреварување.

За прв пат македонските фудбалери ќе играат во втората по ранг конкуренција на ова натпреварување.

Црвено-жолтите ждрепката ќе ја чекаат од четвртиот „шешир“ во кој се и селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово. Тие сигурно нема да бидат наши противници во следното издание. Но, оние останати 12 селекции секако ќе бидат голем предизвик за нашите фудбалери.

Натпреварите во новата сезона од Лигата на нациите предвидени се да се играат од септември до ноември 2026 година. Плеј-оф мечевите ќе се играат во март 2027 година.

Шешир 1: ШКОТСКА, УНГАРИЈА, ПОЛСКА, ИЗРАЕЛ
Шешир 2: ШВАЈЦАРИЈА, БИХ, АВСТРИЈА, УКРАИНА
Шешир 3: СЛОВЕНИЈА, ГРУЗИЈА, Р. ИРСКА, РОМАНИЈА
Шешир 4: МАКЕДОНИЈА, ШВЕДСКА, СЕВЕРНА ИРСКА, КОСОВО