Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Марибор, Словенија.
Ѓорческа го доби четвртфиналниот меч со Грузијката, Мариам Болквадзе, инаку нејзина партнерка во игра во двојки.
По 2 часа и 8 минути игра Ѓорческа славеше со 2:0 во сетови. Првиот сет тетовката го доби во тај-брејкот (7-6), со 7-5 на поени. Во вториот, Ѓорческа иако загуби два гема на свој сервис. Сепак македонската тенисерка освои еден повеќе на сервис на Грузијката и го доби сетот со 6-4.
Ѓорческа сега ќе го чека исходот од мечот меѓу Словенката, Јуван и Хрватката, Ружиќ, кој ќе го даде противникот на тетовката во полуфиналето.

































