Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, фудбалерите на Вардар и белградска Црвена Ѕвезда Звездан че одиграат хуманитарен натпревар.

Од таборот на најтрофејниот македонски клуб информираа дека е постигнат договор натпревар да се игра во Скопје на 16-ти април.

Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.

Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.

ФК Вардар воедно изрази огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег.