Екипите на Џирона и Валенсија одиграа без победник во дуелот од 20.коло на шпанската Ла Лига. Дуелот на екипите во чии редови се македонските репрезентативци Бојан Миовски и Столе Димитриевски одиграа 1-1.

Миовски кој беше меѓу стартерите на Џирона на теренот мина 60 минути, додека Столе Димитриевски остана на клупата за резерви.

Токму Миовски во 12 минута, ја имаше најубавата шанса за гол, но биеше не прецизно.

Двата гола беа постигнати во вториот дел. Лопез во 58-та погоди за Валенсија, по што Миовски беше заменет со Стуани. А, токму тој во 64.минута беше стрелец на голот за Џирона.

Џирона сега има 34 бодови и од 13-тото скокна на 11-тото место. Валенсија пак со 28 бодови сега е шеснаесетта на табелата.

По овој натпревар, Миовски и Димитриевски треба да допатуваат во Скопје и од понеделник да се стават на располагање на селекторот Благоја Милевски и македонската репрезентација.

Standings provided by Sofascore