Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за европскиот шампионат 2026.
Македонија загуби од Словенија со 32:26, иако одлично ги одигра воведните 20.минути во кои имаше и шест гола предност.
Искусниот голман Никола Митревски смета дека против една силна репрезентација како вечерашната, тешко се игра само со 7-8 ракометари.
„Против вакви селекција е многу тешко да се игра 60 минути во ист ритам со седум-осум играчи. Го дадовме својот максимум од почеток, сакавме самите и ние тоа да трае подолго, но можеби дојде до израз врвен квалитет на Словенија.
Ние сепак имаме доста млади играчи кои што не успеаја, да го издржат тоа и да се вратат во игра.
Промашивме во второ полувреме неколку чисти шутеви кои што . Ќе повторам, имавме одлични дваесетина минути и 40 минути што треба да ги и за анализирам и да не ги повториме.Во недела не очекува гостување во Словенија. Тоа ќе биде поинаков натпревар, бидејќи секако нема да имаме седум илјади публика. Сме и играле порано такви натпревари. Ќе биде добро искуство. Нема да се предадеме предвреме“, изјави Митревски.
Решаван дуелот Словенија и Македонија ќе го играта во недела во Копер од 18.30 часот.