Најтрофејниот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е далеку од својата препознатлива форма. Тоа Србинот го потврди ноќеска со својот прв воедно и последен настап на АТП турнирот во Индијан Велс.

Ѓоковиќ стартуваше од второто коло и веднаш е пратен меѓу гледачите. Тој загуби во три сета (1:2) Ботик ван де Заншлуп.

Првиот Холанѓанецот, го доби со 6-2, а во вториот Ѓоковиќ одигра нешто подобро и го реши во своја полза со 6-3. Во решавачкиот трет сет Србинот не наликуваше на себе и освои само еден гем 6-1.