Во фудбалската Лига на шампиони, денеска и утре ќе се играат првите осминафинални натпревари.
Новиот систем на натпревари, како и резултатите по првата елиминациска рунда, донесоа интересни двојки за оваа.
Така неколку супер интересни дерби дуели ќе се играат во осминафиналето. Еден од нив е дуелот на лутите мадридски ривали Реал и Атлетико.
Двата тима што и во шпанската Ла Лига, заедно со Барселона, се борат на титулата., сега ќе играат за четвртфиналето во Лигата на шампионите. Последните три меѓусебни дуели на Реал и Атлетико завршија со идентични 1-1. Претходно имаше многу повеќе голови. Во Купот на Шпанија лани Атлетико славеше по продолжение со 4-2, а во Супер купот Реал со 5-3. На двата натпревари се играа продолженија откако регуларните 90.минути завршија 2-2.
Влогот во овој двомеч е огромен, па сигурно дека и двата меча ќе бидат исклучително тешки и тврди, исполнети со голема борба.
На првиот, вечерашниот, домаќин ќе биде актуелниот европски првак Реал, а натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе почне од 21 часот.
Во истиот термин се играат уште два меча, а претходно од 18.45 часот својот прв дуел го играат Бриж и Астон Вила. Останатите четири натпревари на програмата се утре.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ (прв натпревар)
Вторник (4 март)
18:45 КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА
21:00 РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД
21:00 БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ
21:00 ПСВ – АРСЕНАЛ
Среда (5 март)
18:45 ФЕЕНОРД – ИНТЕР
21:00 ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ
21:00 БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
21:00 БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА