Ракометарите на Вардар ја остварија 18-тата победа во Супер лигата. Вардарци попладнево без многу мака го совладаа Тиквеш со 39-27.

На натпреварот од 20.коло, освен стартното водство 0-1 за Тиквеш, се натаму вардарци беа во позитива која континуирано се зголемуваше.

Во првиот дел најголемата предност што ја имаа црвено-црните изнесуваше пет голови, а на одмор заминаа со +4 (17-13). Во вториот дел Вардар постепено ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со 12 разлика (39-27).

По шест гола во победничката екипа постигнаа Владимир Димитро и Стефан Петриќ. Исто толку на спротивната страна имаше Игор Кривокапиќ, додека Кристијан Анастасовски со 8 гола беше најефикасен на натпреварот.

Со оваа победа Вардар сега има 36 бодови како и лидерот Алкалоид кој вчера славеше над Пролет. Шампионот Е.Пелистер во моментов е трет 34 бода утре, но се очекува веќе утре по дуелот со Радовиш да се врати на првото место.

За денеска закажани се уште три натпревари.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 20.КОЛО

Сабота 1 март
ВАРДАР – ТИКВЕШ 39-27
18.00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ
18.00 ОХРИД – КУМАНОВО
18.30 ПРИЛЕП – СТРУГА
Недела 2 март
13.00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Одиграно вчера (петок)
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 35-26

ТАБЕЛА: Алкалоид 36бодови, Вардар 36, Е.Пелистер 34, Охрид 28, Тиквеш 22, Бутел 20, Пролет 15, Прилеп 14, Куманово 10, Ф.Л. Борец 7, Струга 6, Радовиш 4.