Дерби натпреварот од 27.коло во Серија А се одигра во Неапол, каде гостуваше актуелниот шампион Интер.
Тоа беше дуел на двете водечки екипи на табелата и главни претенденти за Скудетото. Двата тима ги „поделија“ бодовите, односно освоија по еден, бидејќи постига и по еден гол. Натпреварот заврши без победник 1-1.
Федерико Димарко во 22.минута постигна ефектен гол од слободен удар за водство на Интер од 0-1. Тој резултат беше актуелен се до 88/минута, кога Данецот, Филип Билинг израмни на 1-1.
Интер кој е лидер на табелата има 57 бодови, само еден повеќе од Наполи (56), а пет од Аталанта која денеска одигра 0-0 со Венеција.