Реал Мадрид со минимална предност од еден гол ќе го почлне реванш полуфиналниот дуел против Сосиедад во Купот на Шпанија.

Vечерва во Сан Себастијан, првиот полуфинален меч меѓу овие два тима заврши со победа на Реал со 1-0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше 18 годишниот Бразилец, Ендрик уште во 12-тата минута.

Иако во продолжението двата тима имаа по неколку шанси за гол, резултатот остана не променет. Така на 1 април на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ќе почне со гол предност.

Ден подоцна во Мадрид ќе се одигра и вториот реванш полуфинале меч во кој Атлетико ќе ја пречека Барселона. првиот натпревар меѓу овие ривали заврши со осум гола и нерешен резултат 4-4.