Фудбалерите на Комо приредија големо изненадување совладувајќи го Наполи. Во дуелот од 26.коло на Серија А, тимот на Комо пред своите симпатизери го победи Наполи со 2-1.

Веќе во седмата минута гостите имаа негатива и тоа благодарение на автоголот на Амир Рахмани. Наполи брзо ја анулира негативата кога во 17.минута Распадори израмни на 1-1.

Иако во продолжението гостите од Неапол се обидуваа со сите сили да постигнат втор гол, тоа не се случи, напротив.

Во 77.минута Диао беше стрелец на вториот гол за Комо за водство од 2-1, што подоцна се покажа како конечен резултат.

Така Наполи остана без два планирани бода, па сега има 56, еден помалку од актуелниот шампион Интер кој е лидер на табелата.