Ливерпул со рутински триумф против Манчестер Сити го продолжи походот за трофеј во Премиер Лигата. Со 2:0 „црвените” ја продолжија агонијата на актуелниот шампион Манчестер Сити.

Натпреварот беше решен уште во првиот дел. Во 14-та минута гол за водство постигна Салах по брзиот корнер на Собослаи. Во 37-та минута пак Собослаи стрелаше по асистенција на Салах. Во вториот дел гол постигна Куртис Џонс кој беше праведно поништен поради офсајд.

Со 64 бода во 27 одиграни кола Ливерпул е лидер во Премиер Лигата. Манчестер Сити се наоѓа на делба на 4.место со 44 бода на 26 одиграни натпревари, ист учинок како и Њукасл.