Секој нов фудбалски викенд за нас е нова шанса да составиме предлог-тикет и да се надеваме на добивка.

Комбиниравме дуели за сабота и за недела, шест вкупно, со типови кои според нас се реални. Па, да ги разгледаме најавите во продолжение. Како и секогаш, нашите тикети ги играме во Златна Копачка, бидејќи освен најголемата понуда на игри, нудат и највисоки коефициенти и придобивки за членовите на нивниот Bet&Get клуб.

ТОРИНО – МИЛАН: ГГ

Со Елмас во тимот, Торино доби квалитетна напаѓачка опција и сигурно ќе биде опасен во дуелот против Милан. Росонерите пак, ќе се фокусираат на првенството по елиминацијата од ЛШ и од нив се очекува офанзивен пристап, нешто што го играат под палката на Консеисао. Сепак, и Биковите одат на победа на секој домашен меч, па очекуваме да се тресат двете мрежи.

ИНТЕР – ЏЕНОА: 1 и +1 во второ

Нероаѕурите треба да ја повратат победничката форма со оглед на тоа дека им се ближи дербито против Наполи кое може да ја одлучи трката за титулата. Во очекуваниот триумф на Интер потребен е и барем еден гол во вторите 45 минути.

ВАЛЕНСИЈА – АТЛЕТИКО М. 1+ прво и 1+ второ

Како ретко кога сезонава, Валенсија е без пораз во три лигашки меча во кои освои 7 бода, што значи дека Лилјаците ќе бидат офанзивни и против тимот на Симеоне, кој пак некако зачести „на голови“ сезонава.

Б. ДОРТМУНД – У. БЕРЛИН: 1 и 1+ прво и 1+ второ

На Милионерите очајно им треба победа во првенството бидејќи се во долниот дел на табелата. За нивна среќа, на Вестфален доаѓа тимот на Унион, кој ги загуби сите пет гостувања кај Дортмунд. Затоа 1 сигурно, засилено со голови односно 1+ во прво и 1+ во второ.

КОМО – НАПОЛИ: 2

Редно е Наполи да триумфира по три врзани кикса односно нерешени. Комо предводен од Фабрегас е незгоден противник, но очекуваме да го претрпи и третиот последователен пораз на домашен терен во Калчото, со оглед на тоа дека Наполи се бори за Скудетото против Интер и Аталанта, а веќе следното коло игра против Интер на домашен терен. Затоа испуштање на бодови повеќе не им е опција.

РЕАМ МАДРИД – ЖИРОНА: 1 и 2+

Се виде моќта на Кралeвите во двомечот против Манчестер сити во ЛШ, како и незадржливиот Мбапе во вистинско светло. Тоа за Жирона на нашиот Миовски воопшто не се добри вести. Воедно, избраниците на Анчелоти мора да ја прекинат серијата од три меча без победа во Ла Лига, па нема да биде чудо доколку ја наполнат мрежата на Жирона.

Тикетот носи солидна добивка при уплата од 200 денари, а доколку планирате да ја искористите нашата визија, може да уплатите со пониска или повисока сума, како ви одговара. Имајте во предвид дека првиот натпревар почнува во сабота во 18 часот, па ве потсетуваме шифрата за брза уплата да ја искористите до 17:59 часот.

ШИФРА: W02211091918