По пауза од 12 години, повторно се враќа една од најстарите спортски манифестации на Балканот, „Шарпланинскиот куп“ во скијање.
Сè е подготвено за 41-вото изнажние на „Снежниот спектакл“ информираа од Скијачката федерација на Македонија.
Овој престижен натпревар својата приказна ја започна во далечната 1947 година. Во 1954 официјално стана дел од календарот на FIS. Шарпланинскиот куп е синоним за храброст, брзина и прецизност, носејќи ја магијата на алпското скијање во Македонија.
Годинешното издание ќе се одржи на 26 и 27 февруари (среда и четврток). На купот ќе чествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар.
Организатор на настанот е Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт.