Екипите на Ливерпул и Астон Вила си ги поделија бодовите. Со резултат од 2:2 во заврши натпреварот од 29 коло во Премиер лигата.

Првото полувреме донесе многу акција. Први поведоа Ливерпул со голот на Салах во 29-тата минута. На 1:1 врати Јури Тилеманс во 38.минута, а на 2:1 зголеми Оли Воткинс во третата минута од судиското надополнување во првиот дел.

Во второто полувреме исто имаше добра игра. Александар-Арнолд врати на 2:2 во 61.минута. До крајот на натпреварот имаше само поништен гол на Астон Вила кој беше дело на Ремзи.

Со ова реми Ливерпул сеуште останува лидер со натпревар повеќе и 61 бод. Астон Вила со 39 бода се наоѓа на 9.то место.