Поранешните македонски кошаркарски репрезентативци, Едина Муса и Александар Димитровски – Мачка, добија наследник.
Парот кој неодамна ја официјализира својата врска, утринава доби син.
Максим ќе биде наследникот на двајцата кошаркари кои имаа, богата успешна клупска и репрезентативна кариера.
Искрајно се надеваме и посакуваме, еден ден и Максим да го облече црвено-жолтиот дрес на Македонија.