Најголемите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона ќе одиграат уште едно „Ел Класико“ сезонава.

Имено денешната ждрепка за полуфиналните парови во Купот на Шпанија, во женска конкуренција, „посака“ токму Реал и Барса да се судрат меѓусебно.

Првиот натпревар ќе се игра во Мадрид на 6 март од 19 часот. Реванш дуелот во Барселона е закажан за 12 март во истиот термин (19 часот).

Во второто полуфинале Гранада за противник ќе го има Атлетико Мадрид. Натпреварите ќе се играат на 5-ти и 13-ти март.