Фудбалерите на Барселона славеа минимална победа над Рајо Ваљекано во последниот натпревар од 24.коло на Ла Лига.
Многу потешко од очекуваното Барса стигна до посакуваната, вкупно 16-та победа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Роберт Левандовски во 28.минута од пенал.
Барса се обидуваше да постигне уште некој гол, но во тоа тоа не и успеа. Во неколку наврати и гостите опасно се заканија. Сепак резултатот остана не променет, па Барса впиша нови три бода.
Сега Барселона е првопласирана на табелата со 51 бод, колку што има и Реал Мадрид на второто. Трето рангираниот Атлетико Мадрид заостанува еден бод (50).