Лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, тимот на Реал Мадрид освои само еден бод на гостувањето во Памплона.

Во натпреварот од 24.коло, Осасуна и Реал Мадрид одиграа без победник 1-1.

Иако натпреварот добро почна за „кралевите“ кои преку Мбапе во 15-тата минута поведоа со 1-0, сепак не стигна до „планираните“ три бода. Имаа можност гостите да постигнат уште два-три гола, но пред се Винициус не ги искористи своите шанси. Во 39-тата минута Реал остана и со играч помалку, откако поради неспортски однос Белингам заработени директен црвен картон.

Бројчаната предност на теренот, домашниот тим ја искористи преку Хрватот, Анте Будимир од пенал во 58-мата минута. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот кој остана 1-1.

На испуштените два бода на „кралевите“ се радуваат неговите ривали за титулата. Атлетико кој е втор сега има два бода помалку, а Барса која е трета заостанува три бода. Двата тима допрва треба да ги одиграат своите натпревари од ова коло.