Фудбалерите на Арсенал впишаа нова победа во Премиер лигата совладувајќи го Лестер на гостински терен со 2-0.
Со два гола Шпанецот, Микел Мерино е јунакот на лондонскиот тим.
Домашниот состав долго време одолеваше на нападите на „топчиите“ се до самата завршница, односно последните десет минути.
Тогаш на сцена стапи Мерино кој со головите во 81-вата и 87-мата минута му донесе триумф на својот тим.
Арсенал кој е втор на табелата сега има 53 бодови четири помалку од лидерот Ливерпул, а шест повеќе од трето пласираниот Нотингем Форест. Ривалите на Арсенал, допрва треба да ги одиграат своите натпревари од 24-тото коло во Премиер лигата.