Новајлијата Омар Мармуш постигна три од четирите гола во победата на Манчестер Сити со 4-0 против Њукасл.

Египетскиот фудбалер кој во зимскиот преоден рок дојде од Ајнтрахт се покажа во најдобро светло пред домашните симпатизери. Мармуш беше стрелец на првите три гола за „граѓаните“ и тоа во рок од 14 минути.

Првиот го постигна во 19-тата, на 2-0 зголеми во 24-тата, а во 33.минута го впиша својот трет гол.

До крајот на натпреварот, односно во 84-тата минута 22-годишниот Мекате ги постави конечните 4-0 за актуелниот шампион.

Со новите бодови и вкупно 44 Манчестер Сити се проби на четвртото место на табелата со три помалку од Нотингем Форест кој попладнево загуби од Фулам со 1-2.