Белгискиот клуб Бриж ја прекина низата од 15 натпревари без победа над италијанските екипи.
Вечерва пред своите симпатизери Бриж ја совлада Аталанта со 2-1 во првиот дуел од шеснаесетина-финалето во Лигата на шампионите.
Иако италијанскиот тим важеше за фаворит во овој меч, тоа Аталанта не го оправда. Напротив белгиската екипа не само што се покажа како цврст противник, на крајот дури и заслужено се радуваше.
Домаќините беа оние кои први го отворија резултатот уште во 15.минута со голот на Јутгла. Во финишот на првиот дел (41.минута) Марио Пашалиќ израмни на 1-1.
Двата тима во второто полувреме јалово се трудеа да стигнат до втор погодок. Кога сите очекуваа „реми“ во судиското дополнение беше досуден пенал за Бриж. Најстрогата казна ја реализира Швеѓанецот, Густаф Нилсон и му донесе победа на својот тим.
Реваншот во Бергамо ќе се игра во вторник.
Вечерва на програмата се уште три натпревари во терминот од 21 часот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕТО
КЛУБ БРИЖ – АТАЛАНТА 2-1
СЕЛТИК – БАЕРН М. од 21 часот
ФЕЕНОРД – МИЛАН
МОНАКО – БЕНФИКА