Швајцарецот, Фрањо Вон Алмен е новиот светски шампион во најбрзата алпска скијачка дисциплина спустот.
23-годишниот Швајцарец до својот најголем успех во кариерата стигна пред публика во Залбах, каде се одржува СП во аплско скијање.
Вон Алмен оствари најбрзо време од 1:40.68,минута што беше за 24.стотинки подобро од ветеранот Винсент Крихмајер од Австрија.
Бронзата му припадна на на уште еден Швајцарец, Алекс Моне кој заостана 31.стотинка зад новиот светски шампион.
Големо разочарување за домашната публика беше настапот на Марко Одермат. Освојувачот на златото од пред две години, кој денеска заврши само како петто пласиран.