Фудбалерите на Барселона славеа победа на гостувањето кај Севиља со 4-1 во натпревар од 23.коло на Ла Лига.

Барса го искористија „ремито“ на мадридското дерби, па со победата над Севиља ја намалија разликата на конкурентите за титулата.

Барса вечерва заслужено стигна до трите бода на „жешкиот“ терен на Севиља. Каталонскиот тим поведе во 7.минута преку Левандовски, а Севиља само што тргна од центарот преку Варгас стигна до израмнување. Со 1-1 се замина на паузата меѓу двете полувремиња.

А, по само 50.секунди игра во второто, Фермин Лопез одново и донесе предност на Барселона. Веќе во 55-тата минута Рафиња зголеми на 3-1. Во 60-тата минута гостите останаа со играч помалку, откако Фермин Лопез заработени директен црвен картон.

Но и тоа не и пречеше на Барса која преку Ерик Гарсија во 90-тата минута стигна до конечните 4-1.

Со новите три бодови и вкупно 48, Барса останува на третата позиција на табелата. Сега каталонската екипа има само вод помалку од Атлетико, односно два помалку од лидерот Реал.