Мадридското дерби меѓу Реал М. и Атлетико М. заврши со резултат од 1:1.
На Сантијаго Бернабеу ниедна екипа не успеа да дојде до посакуваните 3 бода.
Во мирно прво полувреме Атлетико Мадрид во 35.та минута преку пенал поведе. Стрелец на голот беше Хулијан Алварез.
Набрзо во второто полувреме Килијан Мбапе изедначи на 1:1 во 50.та минута. Фо крајот на натпреварот ниту една екипа не си ги искористи своите гол шанси.
Реал М. сеуште е лидер во Ла Лига со 50 бода на 23 одиграни натпревари. Атлетико е веднаш позади со 49 бода , додека Барселона на 22 натпревари има 45 бода.