Фудбалерите на Манчестер Сити и Милвол му се приклучија на Манчестер Јунајтед во осминафиналето на ФА Купот.
Ова откако Сити и Милвол денеска славеа победи на гостински терен над Лејтон и Лидс Јунајтед.
Шампионот Манчестер Сити се изнамачи во дуелот со третолигашот Лејтон и со пресврт го победи со 2-1. Лејтон имаше предност по првиот дел благодарение на автоголот на Ортега во 16-тата минута.
Во второто полувреме избраниците на Гвардиола мораат да вложат дополнителен напор кој на крајот се исплатеше.
Кусаков во 56-тата и Де Бруине во 79.минута ги постигнаа головите за победа на Сити и пласман во осминафиналната рунда.