Австријката, Стефани Вениер го донесе првото злато за домаќинот на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Залбах.
31-годишната Вениер го освои златото во супер-велеслаломската трката одржана денеска.
Австријката постигна најдобро време во 1:20,47 минути, што беше за само 10 стотинки побрзо од Италијанка, Федерика Брињоне.
Беа поделени и два бронзени медали бидејќи Норвежанката, Кајса Викхоф Ли и Американката, Лорен Макуга. Тие имаа исто време, а заостанаа 24 стотинки зад победничката.
За Вениер, ова е втор медал од Светските првенства, откако првиот го освои пред шест години, на спустот во Сент Мориц.