Екипата на Барселона е последниот, полуфиналист во фудбалскиот Куп на Шпанија.
Ова откако вечерва на „Местаља“, фудбалерите на Барселона ја совладаа Валенсија. Ниту македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не можеше да го спаси својот тим од нов пораз.
Откако пред десет дена во првенството, Барса славеше на домашен терен со 7-0, вечерва во Валенсија победи со 5-0.
Уште во третата минута гостите поведоа со погодокот на Феран Торес. Toa беше неговиот прв на натпреварот, бидејќи во продолжението уште два пати (17 и 30.минута) го совлада Димитриевски. Во меѓувреме во листата на стрелци се запиша и Фирмин Лопез (23).
Во второто полувреме, Барселона продолжи со својата игра, а Валенсија беше тотално немоќна. Ламин Јамал во 59.минута по петти пат го принуди Димитриевски да ја вади топката од својата мрежа. Барселона можеше да даде уште некој гол, но Димитриевски спаси, колку што можеше да се спаси, поголем дебакл на Валенсија.
Денеска место меѓу четирите најдобри на „Копа дел Реј“ обезбеди и Сосиедад кој ја победи Осасуна. Претходно тоа го сторија мадридските Атлетико и Реал.
Полуфиналните натпревари се закажани за 26 февруари и 2 април.
„КОПА ДЕЛ РЕЈ “ 1/4 ФИНАЛЕ
денеска
ВАЛЕНСИЈА – БАРСЕЛОНА
Р.СОСИЕДАД – ОСАСУНА 2-0
претходно одиграни
АТЛЕТИКО МАДРИД – ГЕТАФЕ 5-0
ЛЕГАНЕС – РЕАЛ МАДРИД 2-3
⚽️ ¡¡𝗚𝗢𝗢𝗢𝗢𝗟!!
— RFEF (@rfef) February 6, 2025
El quinto lleva la firma de Lamine Yamal.
🆚 @valenciacf – @FCBarcelona_es I 0-5 I 59'
📺 @La1_tve#LaCopaMola🏆 I #CopadelReyMAPFRE pic.twitter.com/Od8G3AXmNk