Двата натпревари кои привлекоа најголемо внимание од синоќешната програма во НБА лигата се одиграа во Лос Анџелес и Филаделфија.

Градското дерби на Лос Анџелес го добија кошаркарите на Лејкерси совладувајќи ги Клиперси со 122-97.

Лука Дончиќ од клупата на Лејкерси го гледаше шоуто на својот нов соиграч и идол Леброн Џејс. Ветеранот натпреварот го заврши со 26 поени, осум скока и девет асистенции, со што потврди дека сеуште е во одлична форма.

А, екипата на Далас пак претрпе нов пораз без Дончиќ. Овојпат на гостувањето кај Филаделфија, составот на Далас загуби со 118:116.

Големо враќање на теренот по повредата и пропуштените 15 натпревари имаше Џоел Ембид. Тој ги постигна последните пет поени за неговиот тим, а натпреварот го заврши натпреварот со 29 поени, 11 скока и десет асистенции.

Дербито на вечерта го одиграа Кливленд и Бостон.

Актуелниот шампион Бостон славеше на теренот на противникот со 112-105. За Кливленд кои и натаму се лидери во Истечната конференција тоа беше само четврти пораз во 28 домашни натпревари сезонава. Селтикси се втори на табелата со скор 36-15, додека Кавси се на 40-10.