Фудбалерите на Нотингем Форест и денеска потврдија дека не случајно се меѓу трите најдобри тима во Премиер лигата сезонава.
Во натпреварот од 24.коло одигран пред своите симпатизери Нотингем Форес убедливо со 7-0 го совлада Брајтон.
Лошо почна натпреварот за гостите кои веќе во 12.минута имаа негатива и тоа благодарение на несреќниот автогол на Данк.
Тоа пак дополнително го мотивира домашниот тим кој до крајот на полувремето постигна уште два гола. Гибс-Вајт во 23-тата и Вуд во 32.минута му донесоа предност на Нотингем Форест со 3-0. Крис Вуд во второто полувреме уште два пати се запиша во листата на стрелци. Во 64.минута зголеми на 4-0, а од пенал во 70-тата на 5-0.
Тука не беше крајот на голеадата. Кога сите мислеа дека со тој резултат ќе заврши натпреварот во судиското дополнение домаќините постигнаа уште два гола. Велшанецот, Неко Вилијамс (90+1) и Португалецот, Жота Силва беа стрелци на головите за конечните 7-0.
Со овој триумф, 14-ти сезонава Нотингем Форест се израмни со Арсенал. Двата тима имаат по 47 бодови, шест помалку од водечкиот Ливерпул.
Арсенал утре го игра дербито со Манчестер Сити, а Ливерпул попладнево гостува кај Борнемут.