Фудбалсњрите на Ливерпул ја впишаа 17-тата победа во Премиер лигата.

На дуелот од 24.коло против Борнемут на гости, Ливерпул славеше со 2-0. Творец на победата на Ливерпул беше Египќанецот, Мохамед Салах кој ги постигна двата гола.

Гостите поведоа со 20-тиот гол сезонава на Мо Салах во 30.минута од пенал. Домашниот тим осум минути подоцна постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. На вториот гол се чекаше се до 75.минута кога Салах повторно ја затресе мрежата на противникот.

Ливерпул сега има 56 бодови, дури 9 повеќе од Арсенал и Нотингем Фрест тим кој попладнево славеше со 7-0 над Брајтон.

Арсенал пак утре ќе го игра дербито од ова коло, а во Лондон ќе гостува шампионот Манчестер Сити.