Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас и официјално е претставен како нов играч на Торино.

Италијанскиот тим го престави македонскиот репрезентативец како свое ново големо засилување.

Елмас се враќа во италијанската Серија А, во која претходно настапуваше во дресот на Наполи со кој го освои и „скудетото“.

Во Торино, Елмас дојде како позајмен фудбалери германскиот Лајпциг во кој имаше многу мала минутажа.

Според договорот меѓу клубовите, Елмас ќе остане на позајмица до крајот на сезонава, а Торино ќе има можност летово да го откупи неговиот договор со Лајпциг за 17 милиони евра.