Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања.

Победникот на Австралија опен, Јаник Синер кој втор пат во низа триумфира во Мелбурн, го задржа 1.место на АТП листата. Со тоа Италијанскиот тенисер сега ја почна својата 34-та седмица на врвот на листата.

Зад него е финалистот, Германецот, Александар Зверев , додека на третата позиција е Шпанецот Карлос Алкараз.

Се случија неколку промени меѓу првите десет. Норвежанецот, Каспер Руд и Србинот ,Новак Ѓоковиќ напредуваа за една позиција и сега се на петтото и шестото место, на сметка на Русинот, Данил Медвједев, падна за две позиции и сега е седми.

Американецот, Томи Пол напредуваше за две места и сега е на деветти, додека Русинот, Андреј Рубљев падна за една позиција и сега е на десеттата. Од ТОП 10 испадна Бугаринот, Григор Димитров кој сега е единаесетти.