Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се радуваа на нова победа на гостински терен, овојпат кај Фулам. Во натпреварот од 23.коло „црвените-ѓаволи“ славеа минимално со 1:0

Првото полувреме мина во апсолутна контрола на Фулам, а гостите од Манчестер не упатија ниту еден удар кон голот на противникот.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 78.минута кога Аргентинецот, Лисандро Мартинез погоди за 1:0 и победа на Манчестер Јунајтед.

Со новите три бодови Јунајтед сега има 29 што е доволно само за 12-тото место на табелата. Фулам е досети си четири бода повеќе (33).