По седум натпревари во низа без победа во Ла Лига, фудбалерите на Барселона го истурија својот гнев. Настрада Валенсија во чии редови е македонскиот репрезентативен голкмаn Столе Димитриевски.

Тој од клупата за резеврни фудбалери го гледаше дебаклот на својата екипа која загуби со 7-1.

Серијата на голови ја полна Де Јонг во третата минута, а веќе во осмата беше 2-0 со погодокот на феран Торес. Во 14.минута Рафиња зголеми на 2-3, па следуваа двата гола на Фермин Лопез. Барса веќе на полувремето водеше со 5-0.

Во вториот дел (59.минута) Хуго Дуро го постигна почесниот гол за претпоследно пласираната екипа на табелата.

Во листата на стрелците се запишаа и Левандовски, односно Тарега кој си постигна автогол и ги постави конечните 7-1 за каталонскиот тим.

Барселона останува на третото место на табелата со 42 бодови, три помалку од Атлетико Мадрид, односно седум помалку од лидерот Реал Мадрид.