Пораз од 32:25 од европскиот првак Франција на македонските ракометари на последниот натпревар на Светското првенство во Вараждин.

Македонија со четири бодови и подобра гол разлика од Австрија е пласирана на четвртото место и во вкупниот пласман ќе биде пласирана од 13-16.место.

Пласман во четвртфиналето обезбедија Франција како прва со 10 бодови и Унгарија која има 7 бодови е втора, а третопласирана е селекцијата на Холандија со 5 бодови. Катар е последен без бод.

Македонија поведе со голот на Митев имаше постојано водство од еден гол до 4:3. По изедначувањето на 5:5 во 9.минута Македонија не го реализраше првиот од трите неискористени седмерци во првиот дел, а Франција постигна три гола за водство од 8:5. Сепак по серијата од 4-1 нашата репрезентација успеа да изедначи на 9:9. „Триколорите“ потоа направија серија од 5-1 за водство 15:10 и највисоки +5. Со два гола Македонија намали на 15:12, до крајот на првиот дел Франција обезбеди предност од четири разлика – 18:14.

Во првите десет минути од вториот дел Франција поведе со 23:16 по серија од 5:2, но Македонија врати со серија од 3-0 за 23:19. Во продолжението на натпреварот двете репрезентации наизменично постигнуваа по два гола, Франција ќе поведеше со +6, а Македонија ќе намалеше на четири негатива. „Триколорите“ поведоа и со седум разлика највисоката предност, но Македонија успеа да се избори за пораз со кој го освои четвртото место во групата.

Најефикасен на дуелот кај македонија беше Кузмановски со 8 голови, а голманот Митревски имаше 12 одбрани.

Македонија првенството го заврши со две победи (Гвинеја и Катар), две нерешени (Унгарија и Австрија) и два пораза (Франција и Холандија).