Екипите на Ливерпул и Арсенал дојдоа до триумфи во денешните натпревари во Премиер лигата одиграни попладнево.

Лидерот на табелата Ливерпул со 4:1 триумфираше против Ипсвич, а додека Арсенал со минималец од 1:0 се снајде на гостувањето кај Вулверхемптон.

Ливерпул низ целиот натпревар доминираше против Ипсвич. Со 3:0 заминаа на полувреме поради головите на Собослаи во (11 минута), Салах (35) и Гакпо (44). Истиот фудбалер (Гакпо) зголеми на 4:0 во 66-та минута, а почесниот гол за Ипсвич го постигна Гривс во 90.та минута.

Арсенал со 1:0 се снајде на гостувањето кај Вулвс. Стрелец на голот беше Рикардо Калафиори во 74.та минута.

Натпреварот го одбележаа двата црвени картони кои беа дело на двете екипи. Прв „поцрвене” фудбалерот на гостите Луиз Скели, а потоа Жоао Гомес кај „Вулвс“.

Ливерпул со 53 бода на 22 одиграни кола се лидери на табелата, а го следи Арсенал кој е на втората позиција со 47 бода. Вулверхемптон и Ипсвич со 16 бода се на 17-тата и 18-тата позиција.