Ракометарките на Чаир попладнево го одигра реванш натпреварот со екипата на Славија Прага од осминафиналето од Европскиот Куп. Чешката екипа беше подобра и во овој натпревар.

На првиот одигран исто така во Скопје, вчера, Чаир загуби со убедливи 31:20. Денеска во реваншот следуваше пораз од 33:29, па чаирчанки го завршија својот настап на европската сцена.

Натпреварот започна израмнето, но во 6-тата минута гостинската екипа успеа да поведе со 6:3. Од тој момент, тимот на Славија постепено ја зголемуваше својата предност. Во 22-рата минута, чешкиот состав стигна до водство од +5 (12:7). Иако домаќинките од Чаир успеаја да ја намалат разликата на 14:12, Славија одговори со нова серија од 3:1, осигурувајќи водство од 18:13 на полувремето.

Во втората половина чешкиот тим имаше целосна контрола врз натпреварот. Славија во 46-тата минута ја зголеми предноста на +10 (29:19).Чаир со серија 4-0 успеа да ја намали негативата на 27:32. Но, Славија не дозволи да израмнат и до крајот на натпреварот, ја одржаа предноста. Крајниот резултат беше 33:29.

Најефикасни од тимот на Чаир беа Георгиевска Стефанија со десет погодоци додека Дукоска и Гулицоска дадоа по шест гола.
Ивона Кимовска