Фудбалерите на Борнмаут го совладаа Њукасл како гостин на „Сент Џејмс Парк“ со 4:1 во натпреварот од 22.коло на Премиер лига.
Џастин Клајверт денеска блесна и оствари хет-трик, со што потсети на својот славен татко Патрик.
Со овој триумф Борнемут ја прекинаа серија на Њукасл од девет последователни победи, од кои шест беа остварени во првенството.
Борнемут кој е шести на табелата сега има 37 бодови како и петтиот Челзи, а еден помалку од Њукасл кој е четврти.