Екипата на Чаир денес и утре ќе ги одигра осминафиналните натпревари од Европскиот Куп против тимот на Славија Прага од Чешка.
Чаирчанки ќе се обидат да го искористат домашниот терен за да обезбедат предност и пласман во следната фаза.
Натпреварот ќе го судат судиската двојка Перец и Шварц од Израел, додека делегат ќе биде Сиску од Грција.
Чаир во тимот донесе ново засилување на десната бековска позиција. Со ова засилување, Чаир дополнително ја зајакнува својата екипа пред осминафиналните натпревари од Европскиот Куп.
Екипата на Чаир во третото коло успеа да го совлада тимот на Колехио Де Гаиа од Португалија, додека во второто коло беше подобар од Керженг од Луксембург.
Првиот натпревар е закажан за денес, со почеток во 18:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“. Реваншот ќе се одигра утре, исто така во 18:00 часот, на истиот терен.
Ивона Кимовска