На женскиот дел на Гренд-слем турнирот, Австралија Опен, фаворитките немаа проблеми.

Втората носителка Ига Швјонтек пласман во 2.коло обезбеди со победата на Катерина Синијакова од Чешка. Полската тенисерка на својата противничка и препушти три гема во првиот, односно четири во вториот сет.

Уште по убедливи беа Американките, Коко Гоф и Џесика Пегуга.

Третата носителка Гоф ја совлада сонародничката Кенин со 6-3 и 6-3.

Пегула која е седма фаворитка во Мелбурн и препушти само три гема на домашната тенисерка Маја Џоинт совладувајќи ја со 6-3 и 6-0.