Во Мелбурн ноќеска стартуваше првиот годинашен Гренд-слем тениски турнир Австралија Опен.

Во машка конкуренција трофејот ќе го брани Италијанецот, Јаник Синер, кој првиот настап ќе го има доцна ноќеска.

Од носителите кои настапија досега, вториот Александар Зверев се пласира во следното коло. Германецот, за 2 часа и 22 минути, во три сета со идентични 6-4 го победи Лукас Пуј од Франција. Зверев за противник во 2,коло ќе го има Шпанецот, Мартинез кој првата рунда ја мина откако неговиот противник Дардеи од Италија ги предаде мечот поради повреда.

Во следната рунда ќе игра и Норвежанецот, Каспер Руд. Шестиот носител одигра пет сета во мечот со Шпанецот, Хуанме Миунар.

Во 2.коло се пласираа и: Чехот, Лехачка, Американецот, Опелка и Јапонецот, Нишикори.