Фудбалерите на Тотенхем ја минаа третата рунда во англискиот ФА Куп. За пласман во шеснаесетина финалето тимот од Лондон се изнамачи во дуелот со петтолигашот Тамворд .

Иако ја имаа улогата на апсолутен фаворит, фудбалерите на Тотенхем улогата не ја оправдаа.

Имено во регуларните 90-минути немаше гол, па „спарси“ со многу среќа и гол продолженијата славеше со 3-0. Првиот гол беше постигнат во 101-вата минута, кога Нејтан Тшикуна кој ја затресе мрежата на својот голман.

Аматерите на Тамворд не се откажаа се обидуваа да стигнат до израмнување. Тоа го искористија гостите кои преку Колушевски (107) и Џонсон (118) на крајот дури убеливо победи со 3-0.

Среќата овојпат беше на страната на Тотенхем кој сезонава игра многу слабо, а во Премиер лигата се на 12-тото место.

Дербито од оваа рунда на ФА купот се игра во Лондон, каде од 16 часот почна дуелот Арсенал – Манчестер Јунајтед.