Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Во финалниот натпревар одигран во Саудиска Арабија, Барса убедливо го победи лутиот ривал Реал Мадрид со 5-2.
Популарното „Ел Класико“ ги оправда очекувањата и на најпребирливите вљубеници во фудбалот. За тоа се погрижија фудбалерите на Барселона кои, едноставно си поигруваа со противникот и со голем пресврт славеа победа.
Барселона со две големи шанси, во втората и четвртата минута, го започна натпреварот. Но ударите на Јамал и Рафиња, искусниот Куртоа ги одбрани.
Затоа пак на спротивната страна Шчешни беше немоќен во петата минута. По брзата контра на Винициус и Мабапе, Французинот му водство на Реал од 1-0.
Но Барселона не се откажа од својот офанзивен фудбал, што резултираше со четири погодоци.
Во 22.минута Ламин Јамал го најде патот до мрежата на Кртоа за израмнување на 1-1. Во 34-тата минута стигна до пресврт. Несмасниот старт на Камавинга беше причината за досудениот пенал кој го реализира Левандовски за 2-1 за Барса.
Неполни две минути подоцна (39), Барса веќе имаше два гола предност, откако Рафиња со глава ја заби топката во мрежата на Куртоа. Малку фалеше Балде во осмата минута од судиското дополнение да ја зголеми предноста, но Куртоа со одлична реакција го спаси Реал, но не за долго. Веќе во следниот напад Рафиња со својот втор гол зголеми на 4-1.
Возбудувањата продолжија во вториот дел.
По три минути игра, Родриго имаше шанса да намали, но неговиот удар заврши во стативата од голот на Шчешни. Затоа веднаш на спротивната страна по брзата контра и соло акцијата на Рафиња веќе беше 5-1 за Барса.
Тука не беше крајот на возбудувањата. Во 57.минута Барса остана со играч помалку. Шчешни направи фаул врз Мбапе надвор од шеснаесетникот, но заработи директен црвен картон. Родриго го изведе слободниот удар и на ефектен начин го совлада Прена за намалување на 2-5.
Сепак „Кралевите“ немаа сили, а ниту шанси да ја надополнат негативата.
Така Барселона по 15-ти пат во клупската историја го освои трофејот наменет за победникот во Суперкупот на Шпанија.