Фудбалерите на Милан подолго време не успеваат да врзат две победи во низа во Серија А.

Откако го освоија Суперкупот на Италија, росо-нерите се вратија на обврските во првенството. Во дуел од 20.коло Милан пред своите симпатизер одигра само 1-1 против ниско пласираниот Каљари.

Уште во првиот дел гостите покажаа дека ќе бидат „тврд орев“. По само шест минути игра во вториот дел Алваро Мората конечно ја затресе мрежата на Каљари. Но радоста на миланезите не траеше долго бидејќи во 55-тата минута Зортеа го израмни резултатот.

Милан се обидуваше со сите сили да постигне втор гол и да стигне до трите бода, но резултатот остана не променат, па двете екипи освоија по еден бод. Така Каљари сезонава втор пат остана не поразен во дуелите со Милан, откако првиот меч заврши 3-3.

Милан остана на осмото место на табелата со 28 бодови, со кои е далеку од трката за „Скудетото“ па и местата што водат во Лигата на шампионите.

Бодот за Каљари е далеку поважен во борбата за опстанок, а тимот е на 18.место кое води во Серија Б. Борбата за опстанок на Каљари ќе биде грчевите во продолжението на сезоната.