Локалното дерби на Торино меѓу истоимениот домашен тим и екипата на Јувентус заврши без победник 1-1.
Исходот од овој натпревар секако не беше според планот на Тиаго Мота и неговите избраници.
Иако дуелот започна фантастични да екипата на Јувентус која поведе во петата минута преку Јилдиз. Во првата минута од судиското дополнение Торино израмни преку Влашиќ.
Вториот дел го одбележа голем конфликт меѓу двајцата тренери, Паоло Ваноли и Тиаго Мота, па и двајцата заработила црвен картон во 56. минута.
Со само едниот освоен бод, Јувентус дополнително го губи чекорот со конкуренцијата во трката за „Скудетото“. Јуве е петтопласиран со 33 бодови, зад Лацио (36). Далеку пред ноив се Наполи (44), Аталанта (42) и Интер (40) кој има два натпревари помалку од конкурентите.